Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕДО СЕ ОБИДЕ ДА СИ ГИ ЗАПАЛИ ВНУЦИТЕ, БЕБЕ ОД ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: Станот целосно изгоре

ДЕДО СЕ ОБИДЕ ДА СИ ГИ ЗАПАЛИ ВНУЦИТЕ, БЕБЕ ОД ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: Станот целосно изгоре

Кога утрово противпожарната бригада добила дојава дека избувнал пожар во станбена зграда на улицата Далматинска во центарот на Белград, мислеле дека се работи за рутинска интервенција. Сепак, вистината е многу помрачна - според приказната на очевидците, пожарот го подметнал дедото, кој сакал да го запали целото семејство, во кое имало двегодишно дете и бебе од само четири месеци.

Соседите кои биле сведоци на целата драма за новинарите на „Блиц“ изјавиле дека пожарот бил подметнат и дека виновникот е дедото на децата кои за влакно избегнале сигурна смрт.

- Не знам точно како избувнал пожарот, но овде имаше толку многу чад што чудо е некој да не се задуши - рекол сосед кој живее во зградата која утрово се запали.

Пожарот избувнал и во подрумските простории на зградата, каде се наоѓа станот на повреденото семејство.

Од чиста среќа членовите на семејството кое дедото се обиде да го запали успеаја да истрчаат надвор, со децата во раце и да се спасат себеси, но детето на еден соседите морало ургентно да се згрижи.

- Детето на еден соседите од првиот кат морале да го спасат пожарникарите кои го извлекле со боца со кислород – рекол еден од сведоците и додава дека е голема среќа што не се задушило.

- Мислам дека самиот Бог не спаси сите овде, верувам дека тоа е затоа што денес е моја слава - вели тој.

ФОТО: Instagram

Слично

Поврзани вести