Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЦЕНИСКИ БУМ: Грција се надева на рекорден број туристи сезонава

ДЕЦЕНИСКИ БУМ: Грција се надева на рекорден број туристи сезонава

Одливот на туристи од Турција достигна историски димензии, но соседна Грција се радува на интересот на рекорден број на посетители, каков што не е регистриран со децении, коментира германското издание Focus. 

По 2016 година, кога Грција беше посетена од 27,5 милиони туристи, летната сезона оваа година се очекува да биде уште поуспешна - Министерството за туризам во Атина прогнозира дека земјата ќе биде посетенa од 30 милиони туристи.

Грција доби дивиденди од несигурната ситуација во популарни земји меѓу туристите како Турција и Египет, но не без значење е и фактот дека во последните две години ситуацијата во земјата, која беше погодена од тешка финансиска криза, постепено се нормализира. „Од 2015 година ние немаме значаен штрајк, немаме и напади - тоа ги тера луѓето да се чувствуваат безбедно“, објаснува Димитрис Скадилис, сопственик на хотел. Многу од летовите до земјата веќе се резервирани, а хотелите - полни.

 Загрозената од стечај Грција може да ги искористи добро парите на туристите. Во 2016 година туристичкиот сектор генерира речиси 13 милијарди евра. Во оваа година износот може да е два пати поголем, велат во Атина.

Се очекува, исто така и заживување на побарувачката на работна сила. Дури и да станува збор за сезонски вработувања, таа сепак ќе може да донесе барем привремено олеснување на земјата со највисок процент на невработеност во Европската унија.

Слично

Поврзани вести