Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата во шок – се бараат причините за двојното убиство и самоубиство во Аеродром

Децата во шок – се бараат причините за двојното убиство и самоубиство во Аеродром
Полицијата се уште трага по мотивите заради кои 36-годишниот Игор С. одлучил да ги убие двете сестри - 34-годишната Наташа и 31-годишната Билјана, а потоа и да се самоубие. Страшниот чин, кој се случил пред очите на двете малолетни деца на Наташа додека семејството се подготвувало да замине на годишен одмор, сериозно ги вознемири жителите на Аеродром утрово. Децата по настанот биле во шок и истрчале во влезот извикувајќи дека нивните мајка и тетка се убиени. Засега се знае дека на инцидентот му претходела вербална расправија, која завршила крваво. Но, за причините никој не знае повеќе.Не се познати ниту точните релации меѓу Игор С. и неговите жртви. Убиецот, кој потоа и самиот си пресудил, бил поранешен боксер и извесен период работел во агенција за обезбедување. Пиштол поседувал со дозвола, иако против него имало поднесено кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка.
Слично

Поврзани вести