Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деца умираат од глад додека племињата војуваат

Деца умираат од глад додека племињата војуваат

На повеќе од 50.000 деца во Јужен Судан им се закануваат болести и глад бидејќи шест месеци траат судирите помеѓу две племиња, опменуваат денеска Обединетите нации.

ОН побараа повеќе од милијарда долари за помош на сиромашното население.

„Приоритетна цел на хуманитарната акција би била спасување на животи и избегнувајќи глад“, соопштуваат од ОН и додаваат дека поголемиот дел од населението не може да се грижи  за своите култури и сточарство, со што се зголемува ризикот од глад.

„Во некои делови на земјата, до кои тешко се доаѓа, луѓето умираат од глад“, додава ОН.

 Јужен Судан во декември минатата година го погоди бран на жестоки насилства, кога се судирја силите на лојалниот претседател Салви Кир, кој е припадник на Динка, и следбениците на поранешниот претседател Рика Машара, член на Нуер.

 Кир во јули минатата година го отпушти Машар и го обвини дека во декември се обидел да го сружи со државен удар.

Прекинувањето на оганот договорен за јануари пропадна. Иако новиот прекин на огнот беше договорен за 9 мај, во таа најмлада суверена држава на светот дојде до сериозни тензии, а потоа и судири.

Во судирите во Јужен Судан загинаа илјадници луѓе а повеќе од 1,5 милиони беа принудени да ги напуштат нивните куќи.

Слично

Поврзани вести