Дебелината е скапа
Дебелината ја чини светската економија речиси колку што оди за борба против пушењето и воените конфликти, покажува новиот извештај на McKinsey Global Institute.
Годишниот трошок за прекумерна тежина во форма на намалена продуктивност и лекување на дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак е 2 трилиони долари.
Тоа е речиси колку што ја чинат светската економија пушењето и воените конфликти (2,1 трилиони долари), заклучиле група аналитичари за институтот.
Околу 3,4 милиони возрасни умираат секоја години поради прекумерна тежина или се дебели, според статистиката на Светската здравствена организација (СЗО).
Причините се добро познати. Во споредба со пред еден век храната е поевтина и повеќе широко достапна во повеќето земји, а уште поевтина е густата храна. Поради технологијата пак сме помалку склони да одиме на долго пешачење до работа или училиште, а на работното место е поверојатно да седиме на маса, отколку да копаме.
Дебелината во детството ја загрозува епидемијата да се прошири во иднина. Во некои земји со ниски и средни приходи "не е невообичаено неквалитетната исхрана и дебелината да учествуваат истовремено во рамките на иста држава, заедница или едно домаќинство", откако повеќе мрсните, но слабо хранливи производи сочинуваат зголемен дел од менито, посочува СЗО.
Подоброто здравство пак значи дека "неколку вишоко килограми не се толку штетни за здравјето, како што беше во минатото", наведуваат во својата книга "Дебелината на Америка" Ерик Финкелстеин и Лори Закермен.
Економските трошоци за дебелината се особено сериозни во Велика Британија, каде што "луѓето сега живеат значително подолго, но не и поздраво", предупреди група британски пратеници минатата година.
Контролата над исхрана е еден од најефикасните начини за ограничување на економското влијание од дебелината, според истражувањето на McKinsey.
Но интервенцијата во животот на луѓето е тежок проблем за владите. Ограничувањето на пристапот до високо калорична храна и пијалаци може да се смета како прекршување на личните права. На пример нападот против прекумерните слатки пијалоци во Њујорк беше отфрлена од Апелациониот суд на државата.
Најдобар начин за ограничување на трошоците од дебелината изгледа е "комбинација од корпоративни и владини интервенции заедно со иницијативи од локалните заедници, како обука на родителите и учениците", сметаат аналитичарите на McKinsey.
К.К.
Слично
