Дебатата на УКИМ заврши без конкретен договор
Дебатата која денеска се одвиваше во ректорат на УКИМ после неколку часови е завршена.
Новинарите кои чекаа изјави од преговарачите и учесници во истата добија само кратко соопштение во кое се посочува дека бил донесен заклучок да се формира работна група со претставници од сите засегнати страни, вклучително и од пленумите, која „во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите врз основа на која ќе се дефинира концептот на изработка на законски текст за високото образование.
„Врз основа на излагањата беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзиетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено е договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав“, се вели во соопштението.
Имено на дебатата присуствуваа ректорот Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, вицепремиерот Зоран Ставревски, претставниците на Студентскиот пленум Стефан Бидиков и Ивана Туфекџиева, како и професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум и тие разговарале за проблемите со кои во моментов се соочува високото образование.
Во наредните денови се очекува дебатата да продолжи на истотот место со истите претставници.
Полека изминува и деветиот ден од окупацијата на факултетите а студентите и понатаму остануваат на својот став -целосно повелкување на Законот за високо образование и изготвување на нов кој ќе ги исполнува нивните барања и критериуми.
