Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебатата била преместена од безбедносни причини, студентите раочарани од односот на надлежните!

Дебатата била преместена од безбедносни причини, студентите раочарани од односот на надлежните!

После два часа стоење пред Министерството за образование и наука студентите разочарани од однесувањето на надлежните кон нив си заминаа.

Имено, за денеска беше најавена дебата на Педагошкиот факултет, но ресорното министерство во последен момент се премисли и ја смени локацијата во МОН.

Според министерот за образование Абдулаќим Адеми морале да ја преместат локацијата во МОН од безбедносни причини поради најавениот упад на студентите кои како најзасегнати во оваа дебата не беа повикани на истата.

Адеми истакнал дека акцентот на оваа дебата која се претвори во работна средба бил ставен пред се на новиот пакет со пет закони во високото образование а не на државниот испит.

Со транспаренти во раце „Дојдов, видов, избегав“, „10.000 студенти кажаа не за државен испит“, „Мобилна дебата“, „Го погребавте високото образование“, студентите чекаа да им се отворат затворените врати од надлежните.

Запрашан од новинарите дали министерот и деканите се исплашиле од студентите, министерот Адеми изјавил дека не се плашат и дека студентите се нивни партнери.

„Не се исплашивме, зашто студентите се наши партнери. Бевме договорени да дискутираме за реформите околу педагошките факултети но добивме јавна дојава од студентите дека сакаат недолично да упаднат, да дојдат непоканети. Се слушнавме со деканите и решивме да ја префрлиме дебатата тука и помирно да дискутираме“.

Од Студентскиот пленум го запрашаа министерот кога планира да се сретне со студентите и кога планира да им одговори на барањата и аргументираните ставови и на нивните писма поднесени до институциите.

-Ова што се прави овде е сосема нелегитимно и не приморуваат да дејствуваме вонинституционално вели Дарко Мариновски, од Студентскиот пленум.

Слично

Поврзани вести