Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебата пред Влада: „Каква Македонија сакаме после разврската на политичката криза“?

Дебата пред Влада: „Каква Македонија сакаме после разврската на политичката криза“?

Граѓанската коалиција “Граѓаните за Македонија” најави дебата која ќе се одржи денес во 18:00 часот, на централната бина во протестниот камп пред Владата на Република Македонија.

На дебатата ќе се обратат претставници на граѓански организации и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со свои визии и позиции во врска со прашањето “Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?”.

Листа на говорници и области за дискусија:

Модератор: Марјан ЗАБРЧАНЕЦ, Платформа за граѓанска политика “Ајде!”

Говорници:

  • Зоран ЗАЕВ, претседател на СДСМ;
  • Наталија ПОПОВСКА, Транспарентност Македонија (област: транспарентност на институции и трошење јавни пари);
  • Мухамед ЗЕКИРИ, новинар (област: медиуми);
  • Дона КОСТУРАНОВА, Национален младински совет на Македонија (област: млади);
  • Ирена СТЕФОСКА, Vox Academica (област: образование);
  • Никола ПИСАРЕВ, Центар за современи уметности (област: проблеми на локално население);
  • Уранија ПИРОВСКА, Хелсиншки комитет за човекови права (област:  судство и правна држава);
  • Славчо ДИМИТРОВ, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (област: човекови права);
  • Владимир ЛАЗАРЕВИК, Хелтгрупер (област: здравство);

Слично

Поврзани вести