ДЕБАТА: Дали ограничувањето на јавниот долг и дефицитот гарантира домаќинско трошење?
Со Уставните измени се предвидува ограничување на јавниот долг до 60 отсто од бруто-домашниот производ и на дефицитот до 3 отсто. Дали ваквите лимитирања значат и домаќинско трошење на народните пари? Според економистите ваквите лимити не гарантираат домаќинско раководење со буџетската каса, бидејќи ако се сака да се постигне тој ефект, фискалните правила треба да стапат на сила веднаш а не од 2017 –та година. Акедемикот Беџети вели дека ваквото лимитирање е контрадикторно со образложенијата што ги дава владата.
- Токму тој истиот не тера на ограничувања за да имаме домаќинско однесување и државата да не се изложува на трошоци. За две-три години планираат да направат уште трошоци, да го достигнат тој лимит од 60%, и тоа според новата методологија, па кога ќе го достигнеме тој лимит, друг нека му ја мисли. Според новата методологија на пресметка на јавниот долг, се планира дека до тој период 2017 – та година, ние ќе го достигнеме плафонот. Какви ќе бидат економските циклузи следната година во ваков надворешен неизвесен макроекономски амбиент? Што ако нас ни се потребни поекпанзивни фискални политики и да треба да ги надминеме овие граници? На крајот на краиштата зошто ни се вакви формални граници, кога таквите формални граници веќе постојат според Мастришкиот и Копенхагенскиот договор и тоа цензусите се точно во овие рамки, вели Беџети.Според економистите единствен аргумент за овој амандаман е тоа што некои земји ги имаат вградено фискалните правила во Устав. Поранешниот гувернер на НБРМ Гошев, вели дека секоја држава има различен капацитет за задолжување но дека нема единствен и јасен одговр за тоа колкав може да биде јавниот долг на една држава. Според Гошев беспретметно е да се разговара за јавен долг ако се нема одговор на некои важни прашања какоза износот на јавното богатсво со кое располага една земја и износот на вредноста на приватното богатсво во однос на националниот доход и на националното богатсво во однос на националниот доход.
- Фиксирањето на јавниот долг го оневозможува водењето на антициклично економски политики. Исклучоците во амандманот не го решваат тоа прашање. Антицикличните политики бараат заштеди во добри времиња, фискални инетрвенции со вбризгување јавна побарувачка во кризни периоди. Не постои законска и уставна норма која може да ја заштити земјата од прекумерно задолжување, ако земјата биде начекана од неодговорна власта, каква што досега се покажува сегашната гарнитура во Македонија, ако нема здрави демократски институции и општествена свесност за тоа, вели Гошев.Експертите го отворија и прашањето за новиот Закон за дефинирање на јавниот долг. Според економистите владата манипулира со висината на долгот бидејќи не се даваат податоци колку точно изнесува тој. За поранешниот гувернер Гошев, експресното носење на законот за дефинирање на јавниот долг, се граничи со насилство.
-Со тоа ни кажуваат дека овие 60% нема да бидат толку туку ќе бидат повеќе, 65-70%, зашто вештачки го кратат јавниот долг. Тоа е невидена и нечуена работа, тешка патологија, насилство, вели Гошев.Според економскиот аналитичар и член на СДСМ, Наумов, надминување на 60 насто јавен долг, не може да се дискутира за следните активности поради затвораноста на институциите во однос на нивното трошење на партите.
- Последните три дена не можеме да исчитаме што се случува на економската сцена. Во три дена имате ребаланс на буџет, предлог за нов буџет и помеѓу та криминално носење на Закон за јавен долг во кој што ги изигрувате сите. Со овој закон ги изневерувате кредиторите во држвава кои знаат дека секогаш кога позајмувате средства на нешто што е чедо на државата, утре таа не може да гарантира за долгот. Теоретски може да се зборува за тоа колку е нивото на јавниот долг на секоја држава што таа може да го поднесе и што може нејзината економија да го поднесе. Власта постојано се вади на некои други земји. Не постои механизам да не се надмине рамката од 60 насто јавен долг. Што ќе се прави кога ќе се прекрши Уставот, кој ќе преземе одговорност. Во други земји има вакви ограничувања ама ќе посочам пример какое средено тоа. На пример во Словачка јавниот долг е дефиниран исто на 60 отсто од БДП но имаат уште 4 рефернтни стапки дефинирано со закон. Така кога долгот ќе стаса 50 отсто министерот има експозе во кое треба да каже зошто е тоа така. Ако дојде 53 отсто веднаш се оди на намалување на платите во јавниот сектор, кога ќе дојде 55 отсто се замрзнуваат јавните расходи на ниво од претходната година. Но кога статистиката ќе објави дека долгот е 60 отсто, автоматски следниот ден се покренува доверба на Владата, вели Наумов.Експертите посочија дека на јавниот долг и дефицитот не треба да се гледа само како на економска категорија, туку и како на социјална категорија.
- Кој знае денеска поединечно 80 –те општини како стојат со долгови, дали некој правел пресек на нивните биланси, колку имаат искажано обврски, колку имаат превземени, колку релизирани, колку се во тек, колку се во судски лавиринти во постапки? Сега новата измена се барата со терминот финансиска гаранција , каде што владата дала гаранција. Прво што значи номенклатурата гаранција, едно е кога Владата дава гаранција за вакви трансакции, а друго е кога владата нормативно влегува како гарант по закон. На пример ако НБРМ е со статус на право лице стопроцентно сопственост на владата и основач каде што е Владата, па на крајот на годината не дај боже искажува и загуба и ако не се постигнува со резервите да се покрие загубата, тогаш државата односно владата е одговорна за тоа. Знаете колку вакви институции, агенции се на некој начин оперираат како правни лица во целосна сопственост на државата за кои државата не дала некакви гаранции при нивното евентуално задолжување. Јавниот долг и дефицитот го гледаме повеќе како економска категорија малку се гледа како социјална категорија во смисла интергенерациски проблем на генерациите, особено долгорочни јавни долгови. Во прашање е легитимитеот на Владата која вели јас сум легитимна да менаџирам со јавните финансии оти имам мнозинска поддршка на гараѓни. А кој ги праша тие граѓани што денеска имаат 10 години, а кога ќе треба да се враќа еврообврзницата ќе имаат 18 години и ќе имаат право на глас, значи тие граѓани таа таргет група не учествува во политичката одлука денеска за прифаќање на таков долг. Значи целосно интергенерациска треба малку да се разгледува што значи ова и што им правиме на нашите генерации, вели академик Абдулменаф Беџети.Останатите измени во Уставот во економскиот дел се однесуваат на преименување на НБРМ во Банка на Македонија и дефинирање на Заводот за ревизија како посебен и независен орган. Минатата недела во МАНУ се одржа дебата на која дел од научната и експертската јавност посоција дека на економските амандмани не им е местото во Уставот бидејќи можат да се регулираат со посебни закони. Устваните измени треба да бидат донесени на крајот на следниот месец. Ј.С
Слично
