Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебар и околината ги стресе земјотрес од 4.2 степени

Дебар и околината ги стресе земјотрес од 4.2 степени

Ноќеска земјотрес ги стресе градот Дебар и околината.

Земјотресот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 20 минути по полноќ.

Епицентарот на земјотресот кој ги вознемирил жителите на градот и околните села, бил во пограничниот појас со Албанија на 50 километри од Тирана. Потресот бил почувствуван и во неколку градови во соседна Албанија и тоа Тирана, Пешкопеја, Булкиза.

Потресот не предизвикал материјални штети.

Македонија имаше неколку земјотреси во текот на месец мај годинава. Тогаш потресите беа почувствувани во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево.

Годинава послаб земјотрес беше почувствуван и во источниот дел на Македонија.

Слично

Поврзани вести