Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебар и годинава ќе ја снабдува Албанија со огревно дрво

Дебар и годинава ќе ја снабдува Албанија со огревно дрво
Извоз на огревно дрво за Албанија, дебарската подружница на ЈП„Македонски шуми“ ќе врши и годинава, а во тек се разговори за извоз и за Грција. Дрвото за Албанија се продава по цена од 36,7 евра за втора класа и 51 евро за прва класа. - Врз основа на договорот, за Албанија до крајот на годинава треба да испорачаме 2.000 метри просторни. Не се отфрла можноста, поради задоволството од квалитетот на дрвата, кои ги извезуваме, побарувачката да биде и поголема. Лани таму извезовме 1.400 метри просторни. Во тек се разговори за извоз и за Грција, за каде лани извезовме над 200 метри просторни - вели директорот на подружницата Рами Љата. Според него годишната сеча на оваа подружница изнесува 9,5 илјади метри просторни, дабово и буково дрво. - Потребите на градот и селските населби од поширокото подрачје се задоволени. Секоја уплата е и реализирана. Исто така дрво сме продале и во соседните општини Струга и Гостивар, како и во Тетово. Останатите количини, кои ги имаме како вишок ги извезуваме - изјави Љата. Извозот на огревното дрво го реализира фирмата „Вејзи 2“ од градот Либраж, сопственост на Љуан Вејзи по потекло од селото Требиште, Голо Брдо.  
Слично

Поврзани вести