Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебакл по дебакл: Пријавен нов проблем со Боинг 737, можно е одлагање на испораката на авиони

Дебакл по дебакл: Пријавен нов проблем со Боинг 737, можно е одлагање на испораката на авиони

Американскиот производител на авиони Боинг пријави нови проблеми со трупот на својот авион Боинг 737, што би можело да ја одложи испораката на околу 50 авиони.

Извршниот директор на Боинг Комерцијални авиони Стен Диел изјави дека вработен во еден од добавувачите на Боинг, Spirit Aerosystems, открил дека дупките на трупот на авионот биле погрешно избушени, пренесува АП.

Според работниците, две дупки во трупот можеби не биле дупчени според спецификациите.


„Оваа ситуација не претставува акутен безбедносен проблем и сите авиони Боинг 737 можат да продолжат да летаат безбедно, но неопходно е да се извршат модификации на околу 50 неиспорачани авиони“, рече Дил.

Американските надлежни органи „интензивно ја проверуваат“ работата на Boeing и Spirit Aerosystems по принудното слетување на патничкиот авион Boeing 737 Max на Alaska Airlines на 5 јануари.

Набргу по полетувањето од Портланд, авионот по експлозијата изгубил делови од трупот и прозорците, а немало жртви, јавуваат медиумите.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести