Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давутоглу: Турција нема да ги прифати имигрантите за постојано

Давутоглу: Турција нема да ги прифати имигрантите за постојано

„Турција не е концентрационен логор и нема да прима имигранти за постојано“, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

„За решавање на проблемот со бегалците Турција има потреба од не помалку од 3 милијарди евра“, додал Давутоглу во етерот на телевизија „А Хабер“.

„Три милијарди евра е сумата за која дискутираме на почетна фаза. Во иднина, ако е потребно, може да се ревидира годишно во зависност од развојот на ситуацијата. Ние веруваме дека овие средства треба да дојдат не од претходно утврдени фондови. Тие треба да дојдат од нов и посебен фонд за бегалскиот проблем“, изјавил премиерот на Турција.

Давутоглу додал дека  „имал многу позитивни и корисни разговори со германската канцеларка Ангела Меркел“, со која се сретна на 18 октомври. „Ние ќе се справиме со проблемот на бегалците, заедно со Германија. Тој дадал дека сите европски земји јавуваат за коридор за бегалци на нивниот пат кон Германија.

Што се однесува до изгледите за евроинтеграција, тој посочил дека е можно да се отворат нови шест поглавја од преговарачкиот процес, кои во моментов немаат напредок.

„ЕУ покажува позитивен став кон можноста во јули 2016 година да биде потпишан договор со Турција за безвизен режим со Шенген зоната и стапувањето во сила на договорот за реадмисија помеѓу Турција и ЕУ. Овој договор ќе биде од голема помош за решавање на проблемот со илегалната миграција“, изјавил турскиот премиер.

Слично

Поврзани вести