Давутоглу: Подобрување на економските врски и зголемување на турските инвестиции
Политичките односи на земјава со својот пријател Турција се одлични на сите полиња. Ова е заклучокот што премиерите на двете земји, Никола Груевски и Ахмет Давутоглу, ги изразија по завршувањето на средбата што денеска се одржуваше во Скопје.
И двајцата согласни дека треба повеќе да се инвестира на полето на економијата, бидејќи како што нагласија постои простор за подобрување на економските врски и на зголемување на турските инвестиции во Македонија.
Двајцата премиери си поставија цел, трговската размена на двете земји од сегашните 400 милиони долари да наскоро да порасне на околу една милијарда.
Сепак како што нагласија за таквите заложби не се сите конци во нивни раце и дека за тоа треба да допринесе и бизнис заедницата на двете земји, а тие ќе се потрудат да направат што е можно подобар терен за бизнис.
„Тоа најмногу зависи од бизнисмените, ние треба да градиме добра клима, а самите бизнисмени треба да ја зголемат трговската размена, Сметам дека тоа не е недостижна цел. Бизнисмените ја имаат нашата поддршка“, истакна Груевски.
Турскиот премиер посвети внимание на прашањето за членство на Македонија во НАТО. Според него, тоа треба да се случи што е можно поскоро, а Турција и понатаму ќе ја поддржува интеграцијата на земјава во Алијансата.
„Турција силно ја поддржува Македонија да стане НАТО членка. Сметам дека сите држави од Балканот треба да се најдат под чадорот на НАТО бидејќи тоа е важно за безбедноста. Во една прилика за време на самитот на НАТО во Чикаго јас мојот говор го почнав со зборовите „Јас сум од Македонија“, што самото тоа ќажува за нашата поддршка. Се надевам дека Македонија ќе го заземе заслуженото место“, истакна турскиот премиер.
Слично
