Давутоглу поднесе оставка, Ердоган ја прифати!
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка како дел од постапката по парламентарните избори.
Оставката е прифатена од претседателот на Турција Таип Ердоган, соопштија медиумите.
Давутоглу ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада, соопшти претседателството во соопштението.
Откако владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби парламентарното мнозинство на изборите во неделата, во Турција треба да се состави коалициска влада со некоја од опозициските партии.
Тој процес би можел да трае со недели.
Опозициските партии ветија веќе дека ќе го отфрлат секој еден предлог од страна на владејачката партија и ќе се обидат да го ограничат влијанието на Ердоган во владата. Тоа би ги усложнило преговорите за создавање на коалиција.
Друга опција за Партијата на правдата е да се обиде да продолжи сама со малцинска влада.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се очекува да му довери на Давутоглу да формира нов кабинет, откако ќе бидат објавени конечните резултати од изборите.
Уставот на Турција овозможува спроведување на нови избори, ако нема успех за формирање влада во текот на 45 дена.
Слично
