Давутоглу побарал лично од Гулен да не кова заговор против Ердоган
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу се сретнал со Фетулах Гулен во 2013 година за време на посетата на САД и побарал од него да престане да остварува заговори против владата и да се врати во Турција.
Гулен, кој е обвинет од властите во Турција за голем број злосторства, вклучувајќи и создавање на така наречената „Паралелна држава“, која според владејачките се обидувала да оствари преврат, живее во САД во самонаметнат егзил.
„Имавме разузнавачки податоци и бевме свесни за тие цели. Знаевме што планираат. Сакавме да направиме последен обид, последен повик, исто како кога знаеш дека доаѓа бура. Го замоливме да остане во законските граници и да се врати во Турција“, изјавил Давутоглу, кој во 2013 година се уште беше министер за надворешни работи.
Според него двајцата се сретнале во Пенсилванија, каде што живее Гулен, само три месеци пред да се одржи масовната операција против членови на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Давутоглу додал дека средбата се спровела со знаење на тогашниот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Ердоган.
„Сега не е време“, бил одговорот на Гулен според Давутоглу. „Денес јас го разбирам овој одговор“, дека тој чекал да помине државниот удар, кој требаше да се случи во декември. Тој планирал да се врати во Турција, како што Хомеини се вратил во Иран“, изјавил Давутоглу.
