Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давутоглу: Нема да правиме компромис со безбедноста

Давутоглу: Нема да правиме компромис со безбедноста

Турција нема да прави никакви отстапки во безбедноста на своите граници. Ова го изјавил премиерот на Турција, Ахмт Давутоглу, откако руските воени авиони на два пати го прекршија воздушниот простор на земјата во последните неколку дена.

„Ние нема да правиме отстапки во контекст на нашата гранична и воздушна безбедност“, изјавил премиерот во коментар, емитуван на државната телевизија.

Тој исто така ги критикувал руските воздушни напади во Сирија велејќи дека само два од вкупно 57 напади биле насочени против групата „Исламска држава“. Сите останати биле против умерената опозиција во земјата, која е поддржана од Анкара и САД.

„Кога ќе има борби против „Даеш“ (арапското име на „Исламска држава“ ), тогаш ќе ги водиме заедно“,  додал тој.

Турскиот премиер исто так предупредил и за секакви операции, кои беа насочени против цивилите или претставници на сириската опозиција, кои би можеле да доведат до нов бегалски прилив.

Давутоглу изјавил дека турскиот воздушен простор е дел на НАТО и Русија треба да ги почитува границите на земјата.

„Ние не сакаме тензии со Русија, но наше природно право е да очекуваме дека Русија ќе биде внимателна во однос на турскиот воздушен простор, границите и интересите во Сирија“, додал уште Давутоглу .

Слично

Поврзани вести