Давутоглу на средба со опозицијата, дискутираат за промени во уставот
Турскиот премиер Ахмед Давутоглу побарал средба со лидерите на опозициските партии, за да разговара со нив за редица прашања, помеѓу кои и плановите за формирање на нов устав, соопшти турскиот весник „Хуриет“.
До сега само главната опозициска Републиканска народна партија се согласила на таков состанок, на кој се очекува Давутоглу да се сретне со нејзиниот лидер Кемал Киличдароглу на 30 декември.
Покана е испратена и до раководството на останатите парламентарно претставени партии. Од канцеларијата на премиерот планираат средби со лидерот на Демократската партија на народите Селахатан Демирташ и на Партијата за националистичко движење, Девлет Бахчели исто така на 30 декември, но за сега средбите со нив не се потврдени.
Според извори на агенцијата „Анадолија“ премиерот сака да одржи средби и со другите партии до крајот на годината.
