Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давутоглу ја обвини Русија за „етничко чистење“ во Северна Сирија

Давутоглу ја обвини Русија за „етничко чистење“ во Северна Сирија

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу ја обвини Русија по повод активностите на земјата во северниот дел на сириската територија.

"Русија се обидува да изврши етничко чистење во северниот дел на Латакија" - рече за време на состанокот со новинарите Давутоглу, цитиран од Дојче Веле.

Според турскиот премиер, активностите на руските војници се против "туркменистанското и сунитско население", бидејќи "тие сакаат етнички да ја прочистат оваа област, за да го заштитат режимот (на сирискиот претседател Башар Асад) и руските бази во Латакија и Тартус."

Поради руските бомбардирања, милиони нови бегалци може да се обидат да ја напуштат зоната "од Алепо до Латакија", рече Давутоглу.

Од своја страна, руската армија постојано изјавува дека нанесува удари на цели на терористички групи на сириска територија

Слично

Поврзани вести