Давутоглу бара повеќе овластувања за Ердоган
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу побарал промена на уставот, откако владејачката Партија на правдата и развојот освои апсолутно мнозинство во парламентот. За неа гласаа 49,4% од граѓаните, што и придава 315 пратенички места од вкупно 550.
На второ место е Републиканската народна партија со 25,8% изборна поддршка и респективно 134 пратенички места.
Прокурдската Народна партија повторно успеа да ја поминe бариерата од 10% и добива 59 пратеници.
Ахмед Давутоглу ги повика сите партии во земјата да работат за новиот устав, кој ќе му даде повеќе менаџерски овластувања на претседателот.
Владејачките партии добија само 14 места помалку од потребните за распишување референдум за таква промена. При уште 60 пратеници, Партијата на правдата и развојот можеше да ги направи промените без референдум.
Вака таа победи со околу 10 проценти поголема поддршка од претходните избори во јуни, кои беа проследени со политичка нестабилност и недостаток на коалициско управување.
„Ги повикувам сите формации да создадеме нов граѓански национален устав кој ќе обезбеди одржлив изборен систем, транспарентен за владата и политики без бирократија. Да работиме заедно за промена на овој устав, која се одразува за старите реалности. Нема да ја жртвуваме слободата и безбедноста. Ќе изградиме заедно нова Турција во која ќе ги заштитиме слободата на изразување и слободата на верата. Не на последно место - нема да се откажеме од мировниот процес и борбата против тероризмот“, изјавил Ахмед Давутоглу.
Граѓаните на Турција покажаа дека ги преферираат активностите и развојот, наместо противењето. Со овие зборови шефот на државата на Турција, Реџеп Ердоган ги соопшти резултатите од гласањето.
Изборите завршија, но пред Турција стојат турбулентни времиња. Продолжува военото противење помеѓу армијата и прокурдиските борци на ПКК. Борбата со групата „Исламска држава“ продолжува. Паралелно со тоа расте и бегалскиот прилив кон Турција.
Економијата на земјата, која изнесува 800 милијарди долари доживува тешки времиња, а социјалната поделба и недостатокот на слобода на говор остануваат константи.
