Давутоглу: Асад требаше да остане во Москва!
Формулата за решавање на сириската криза треба да предвидува повлекување на Башар Асад, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу, цитиран од агенциите и американските медиуми.
Премиерот повторно потсети за мислењето на Турција дека Асад нема место во иднината на Сирија, истакнувајќи дека напорите за пронаоѓање решение на сириската криза треба да се фокусираат „не врз транзиција со Асад, туку врз формули за неговото заминување“.
„Ако Асад останел подолго во Москва, сирискиот народ би можел мирно да здивне. Во принцип, ако тој останал, требаше да започне вистинскиот транзиционен период“, изјавил Давутоглу по повод вчерашната посета на сирискиот претседател во Москва, што беше прва официјална посета во странство од избувнувањето на конфликтот во 2011 година.
Давутоглу истакнал дека не може да има преоден период во Сирија, додека над 5 милиони сириски бегалци не започнат да се враќаат во татковината.
