Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАВОС: Падот на цените на нафтата ќе го препородат светот!

ДАВОС: Падот на цените на нафтата ќе го препородат светот!

Светскиот економски форум во Давос од самиот почеток на овојгодинешниот почеток се занимава со падот на цените на нафтата и поселедиците по светската економија.

Повеќето учесници на Форумот се согласуваат дека падот на цените под 50 долари за барел поволно ќе се одрази на светската економија, посебно на големите увозници на нафта како што е САД, Кина, Јапонија и членките на Европската унија.

Професорот по економија на Харвард Кенетх Рофоф оценил дека позитивните последици ќе бидат „прилично големи“ во рок од година дена и дека експертите го потценуваат можното влијание.

Од друга страна, падот на цените не им одговара на сите држави, меѓу кои Русија може да почуствува најмногу негативни последици.

Меѓународниот монетарен фонд оваа недела предупреди дека руската економија би можела да се намали за три одсто/

Заменик премиерот на Русија Аркадиј Дворковиќ изразил надеж дека падот на цените на нафтата наскоро ќе биде запрен, додавајќи дека со тоа и руската рубља ќе добие некоја поддршка.

Претседателот на кинеската централна банка исто така изразил надеж дека ќе биде воспоставен стабилност на цената на нафтата, бидејќи падот на цените има негативни последици како што е помала исплатливост на инвестирање во алтернативите на изворите на енергија.

Слично

Поврзани вести