Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давор Поповски е нов претседател на Студентскиот парламент, синоќа интервенираше и полиција

Давор Поповски е нов претседател на Студентскиот парламент, синоќа интервенираше и полиција

Давор Поповски со 3.851 освоен глас е новиот претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.

Гласале вкупно 5.264 студенти, а кандидатот Стефан Василевски освоил 1.275 гласови. Од Студенсткиот парламент наведуваат дека членови на Студентскиот пленум насилно се однесувале за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на  пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ.

„Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење“ - стои во соопштението од СПУКМ.

Изборите за студентски лидер поминаа во напната атмосфера, ина крај завршија со интервенција на полицијата  пред седиштето на СПУКМ.

Забележани се повеќе неправилности, како немање на параван при гласењето,  не користење на печат и слично.

Според Студентскиот пленум, откако завршило гласањето, младите од ВМРО-ДПМНЕ ја зеле гласачката кутија. Од Студентскиот пленум велат дека во текот на гласањето, со организирани автобуси биле носени лица кои немаат статус на студенти и кои гласале под друго име. Повеќе партии, но и Хелсиншкиот комитет го осудија начинот на кој се одвиваа изборите.
Слично

Поврзани вести