Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давитковски си поднесе оставка од Комисијата за настаните од 24 декември

Давитковски си поднесе оставка од Комисијата за настаните од 24 декември
Претседателот на Комисијата која треба да ги расветли собраниските настани од 24 декември, Борче Давитковски, денеска поднесе оставка од функцијата, пренесе Макфакс. Давитковски, оставката  ја поднел поради тоа што не успеал да обезбеди мнозинска поддршка од членовите за препораките и заклучоците што ги подготви во соработка со двајцата експерти од Европската Унија. Неговите препораки предвидуваа одговорноста за инцидентите да биде поделена и тоа, власта да биде одговорна за исфрлањето на новинарите и пратениците од собраниската сала, а опозицијата да биде одговорна за блокирањето на работата на Собранието. Давитковски му ја врачил оставката на шефот на државата, Ѓорге Иванов, под чие покровителство беше формирана Комисијата, а која беше услов од политичкиот договор од први март со кој се постигна учество на опозицијата на локалните избори. Комисијата има уште еден месец рок да донесе заклучоци.
Слично

Поврзани вести