Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давидовиќ: Овој Уставен суд суди по нарачка и потреба!

Давидовиќ: Овој Уставен суд суди по нарачка и потреба!
Овој Уставен Суд суди по нарачка, така да не може човек правно да ги коментира одлуките на судот вели за Фактор адвокатот Звонко Давидовиќ. „Прво,  Уставниот суд и се огласи за ненадлежен, а сега сака да расправа за распуштањето на Парламентот. Едно со друго едноставно не оди. Секоја правна анализа или аргументација за постапувањето или одлуките на Уставниот суд е невозможна и сувишна затоа што Уставниот суд не одлучува според правила и норми. Да  постапува според Уставот, законите и правилникот би било лесно да ги коментираш, вака е тоа невозможно затоа што истите судат по нарачка и потреба на владејачката партија. Ако за определено прашање се огласиш ненадлежен не можеш понатаму зависно од нечија волја или нарачка да бидеш надлежен. Или си или не си надлежен. Ова само ја покажува состојбата на целокупното судство, а тоа е дека одамна прекинало судството да биде власт, најмалку пак самостојна, буквално е послушник и алатка на власта. Секоја правна логика и знаење на нашето судство веќе не може да се примени затоа што истото ги изгубило сите обележја на трета самостојна и независна власт“, вели за Фактор адвокатот Звонко Давидовиќ. Г.Ч.
Слично

Поврзани вести