Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даваат по 150 евра на оние млади кои ќе се вакцинираат

Даваат по 150 евра на оние млади кои ќе се вакцинираат

Јужниот сосед дава по 150 евра на оние млади луѓе кои ќе се вакцинираат. 

Од 15 јули, сите вакцинирани граѓани на возраст под 26 години ќе добијат 150 евра. Бонусот се исплаќа како дигитален кредит по првата доза на вакцинација и може да се искористи за бродови, возови и авионски билети, сместување за одмор или за посета на концерти и музеи. 

Можноста вакцинираните во Грција да добијат попуст на месечните билети за јавниот превоз, ја разгледува грчката Влада Oва го откри министерот за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис, во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ”, јави дописничката на МИА од Атина.

Mинатата недела скокна бројот на заразени во Грција. Имаа блиску 2.000 или над 2.000 заразени дневно. Меѓу заразените имаше и многу млади. Вирусот се прошири и во два кампа каде имало млади луѓе. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести