Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даути веќе не е во игра за последен член на ад хок телото за медиуми

Даути веќе не е во игра за последен член на ад хок телото за медиуми

Даут Даути кој заедно со Сефер Тахири беше во игра за последен член на ад хок телото за следење на медиумите  се повлече пд трката за ова место.

Бара кандидатурата да ја сметаат како непостоечка со цел таа да не стане пречка за комплетирање на ад-хок телото, како и да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување на договорени предвремени избори.

За повлекувањето испрати допис  до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и до медиумите.

„Во мојата „апликација“ имавте можност да го прочитате и моето CV, иако во една мала земја како нашата, каде што сите се познаваат, сигурно и без таа формалност, не би ме сметале како залутан и случаен кандидат. По стручност, и по погодност за овој ад-хок тело и специфичен времен ангажман, меѓу другото, и поради една многу значајна професионална епизода од својата кариера која е многу слична на она што се бара, не три месеци, туку најмалку три години непрекинат ангажман преку проектот МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО каде се мониторирале телевизии со национална концесија и весници за одредени тематски циклуси, а во тие три години, и за следење на медиумите во изборни активности. Оваа го спомнувам поради јавноста која треба да знае дека таквото искуство секако е дека е битна препорака за овој вид мониторинг на медиумите за ова финале на решавање на политичката криза каде што политичките субјекти го одбрале овој модел на мониторирање на медиуми преку ад-хок телото“ - наведува во дописот.

Вели дека токму поради ова искуство, очекувал дека ќе биде еден од сериозните кандидати. Но, моделот на избор за кој се договориле партиите, ја покажа сета своја фаличност, а помалку и фарсичност, додава тој.

„Очигледно е дека нереално било да се очекува едно тело во кои членовите се избрани по паритетна основа од два спротивставени субјекти да го изберат со консензус петтиот член, дури и да нема политика зад тоа. За подобноста на кандидатите во најтесниот круг веќе стана нерелевантен професионалниот бекграунд, туку претпоставената поддршка што на кандидатите им ја пружаат партиите 'зад завесата'. Таа претпоставена поддршка од една партија која се откажа од кандидирање во ад-хок телото создаде пат позиција која многумина ја сметаат за намерна политичка игра за да се пролонгираат изборите. Се јавив на јавниот повик од лична мотивација и амбиција да придонесам овој сегмент од разрешување на политичката криза сепак да биде спроведен објективно, сметајќи ја улогата на петтиот член, како и своите професионални квалитети и лични определби и критериуми кои се познати на јавноста преку моите текстови, како многу битна во надминување на објективната поделеност меѓу власта и опозицијата. Влегов со лични амбиции но објективно очекував дека ќе ја уживам и политичката поддршка, што всушност и се случи, дел од вас членовите да ме поддржат а дел не, и за да не бидеме наивни, тука секако не без значење беше и улогата на третиот субјект, ДУИ, со чија неофицијална поддршка станав кандидат со најголема поддршка, меѓутоа и тоа е недоволно за избор“ - наведува Даути.

Додава дека на овој начин сака да придонесе за изнаоѓање соодветно решение, сметајќи го својот „противкандидат“ исто така како достоен успешно да ја завршува оваа одговорна задача.

Слично

Поврзани вести