Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАТУМОТ ПОЗНАТ: Еве кога Црна Гора ќе стане членка на НАТО

ДАТУМОТ ПОЗНАТ: Еве кога Црна Гора ќе стане членка на НАТО

Црна Гора ќе стане официјално член на НАТО на 5 јуни. Ова го изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, пренесоа агенциите. 

Црногорскиот премиер, рече дека за време на средбата биле разгледани билатералните односи, ситуацијата во Западен Балкан, Европската унија и светот. 

„Разговаравме и за прашањата кои се однесуваат на стабилноста и мирот на Балканот, како и условите за евроатлантска перспектива. Се согласивме дека балканските лидери се одговорни за изнаоѓање на решение за визијата на Балканот, која треба да биде европска и евроатлантска“, изјавил Марковиќ. 

Една од темите на разговорот меѓу Тилерсон и Марковиќ бил рускиот притисок врз Црна Гора и силното присуство на Москва во регионот на Западен Балкан. 

„Споделивме дека Црна Гора беше изложена на силен притисок кој имаше политички, финансиски и разузнавачки карактер. Целта беше да се дестабилизира Црна Гора и да се предизвикаат вооружени судири. За среќа, нашите служби успеаја навреме да го откријат сценариото и да ги уапсат учесниците“, рече Марковиќ.

Слично

Поврзани вести