Датум за преговори нема, следна шанса ќе се чека на самитот идната година
Македонија и 2014 година ќе ја заврши без дефиниран датум за отпочнување прговори за членство во Европската унија. Наместо изненадување, на последниот самит на Унијата за оваа година земјава повторно доби низа критики и забелешки, предупредувања за назадување во реформскиот процес.
Со ова земјава го заокружи шестото „не“ во низата неуспеси за исполнување на условите и добивање датум за преговори кои би не внеле во европското семејство.
Наредна шанса да добие позитивен одговор Македонија ќе чека на самитот кој треба да се одржи во 2015 година.
Според проценките на евроекспертите земјава треба итно да реагира и да постигне конкретни резултати во повќе области.
На средбата на шефовите на европските дипломатии, на која се утврдуваат заклучоците кои за три дена ќе ги потврдат шефовите на држави и влади на земјите-членки, беше нотирано дека се зема предвид препораката на Европската комисија за почеток на преговори и Советот на Унијата, со намера за можна одлука, ќе му се наврати на ова прашање наредната година врз база на извештај за напредокот на реформите како и чекорите кон промовирање добрососедски односи и постигнување договор за името.
„Растечката политизација на државните институции и растечките недостатоци во однос на независноста на судството и слободата на медиумите влеваат најголема загриженост, а неуспехот да се постигнат овие цели ја нарушува трајноста на реформите“, се вели во заклучоците.
Во однсо на политичката крзиа помеѓу Владата и опозицијата од ЕУ одговорност ја посочуваат во двете страни.
Министрите повикаа на конструктивен политички дијалог меѓу власта и опозицијата. Во однос на меѓуетничките односи, се потенцира потребата од градење доверба меѓу етничките заедници и спроведување на Охридскиот договор.
Слично
