Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дарко Димовски: И да сакам, не можам да го спречам штрајкот на јавниот сектор

Дарко Димовски: И да сакам, не можам да го спречам штрајкот на јавниот сектор

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, во Дневникот на Сител рече дека и натаму нема разбирање од Владата и од министерствоито за финансии за линеарно зголемување на платата од 2.806 денари на сите работници во јавниот сектор од 1 септември и најави генерален штрајк.

„Ние очекувавме 2.806 денари зголемување од први септември и неизбежен е штрајкот. Такво незадоволство има што јас како Дарко Димовски и да сакам да го спречам, не можам“, рече синдикалниот лидер во студиото.

Првиот човек на синдикалното здружение рече дека потрошувачката кошничка во моментов е 38.100 денари и дека повторно две минимални плати не го покриваат семејниот буџет.

„Господ нека ни помага по вторник кога ќе заврши мерката за поевтини производи.Во петок ќе свикаме Совет на ССМ, се разговара со регионалните претставници и незадоволството е преголемо“, додаде Димовски.



Слично

Поврзани вести