Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНСКА ЗА ПРИМЕР: Маратонско најсилно вработување

ДАНСКА ЗА ПРИМЕР: Маратонско најсилно вработување

Во Европската унија во четрвртиот квартал на минатата година 3,5 милиони луѓе или 17,7 одсто невработени луѓе пронашле работа, според податоците на Евростат.

Од сите невработени граѓани на Европската унија во третиот квартал на минатата година, 64 одсто од нив или 12,5 милиони лица останале невработени и во четвртиот квартал, 17,7 одсто или 3,5 милиони се вработиле, додека 18,4 одсто или 3,4 милиони преминале во статус на економски неактивно население, се наведува во извештајот објавен на сајтот на Евростат.

Од луѓето кои во третиот квартал се регистрирани како вработени, 95,8 одсто од нив или 169,7 милиони во четвртиот квартал останале вработени, 1,7 одсто или три милиони останале без работа , а 2,5 одсто или 4,4 милиони преминале во еконосмки неактивно население.

Извештајот се темели на анкета на работната сила на ЕУ и не ги вклучува податоците за Германија и Белгија со кои европската статистичка служба не располагала.

Меѓу 26 земји членки со чии податоци за четвртото тромесечие на 2015 Евростат располагал, Данска повторно е во предност по најсилно темпо на вработување.

Така секој трет невработен во таа земја, или дури 32,8 одсто од нив-напле работа во последните три месеци минатата година

Следи Шведска, каде работа нашле 29,2 одсто невработени, па Австрија со удел од 27,4 одсто.

Слично

Поврзани вести