Данска е еден чекор поблиску до членството во Европскиот банкарски сојуз
Данска е еден чекор поблиску кон приклучување кон Европската банкарска унија. Ова се случува откако во неделата владата соопшти дека ги поддржува чекорите и доби одобрение од главната опозициска политичка партија, која најверојатно ќе победи на изборите, закажани за подоцна оваа година, пишува Ројтерс.
Данска би можела да биде првата земја надвор од еврозоната, чиј банкарски сектор може да биде под надзор на Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа го одбранија данските банки, но од друга страна тие ќе треба да се усогласат со прописите, составени далеку од Копенхаген.
Во извештајот на Министерството за правда на Данска се наведува дека членството во банкарската унија нема да доведе до откажување од суверенитетот. Тоа значи дека Нордиската држава може да продолжи со планот без да спроведе референдум за ова прашање.
"Данска сака да стане член на банкарската унија, кога се исполнат одредени услови. Добивме позитивни сигнали од страна на Европската комисија, дека Данска може да учествува во преговорите за пристапување ", коментира министерот за економија Мортен Остергард.
Еден од главните услови на Данска е Брисел да досуди дека хипотекарните обврзници ќе се сметаат за високоликвидни средства кои банките ќе може да ги користат како тампон против пазарни шокови без дополнителна помош.
Уште од минатата година ЕК размислува дали данските хипотекарни обврзници, чиј пазар е втор по големина во Европската унија, се вклопуваат во категоријата, но се уште нема финално решение.
Позитивниот извештај на владата доаѓа неколку месеци откако Централната банка на Данска повика можно поскоро земјата да се приклучи, за да се запознае порано со регулациите.
Обезбедувајќи надзорни овластувања за своите банки на ЕЦБ, Данска ќе изгуби голем дел од својата автономија во однос на контролата и трансформацијата на финансискиот систем, наведува уште Ројтерс.
Одлуката за членство треба да ја донесе парламентот. Таа ќе биде донесена најверојатно по летото и по парламентарните избори кои централно-десничарските либерали најверојатно ќе заработат. Партијата веќе изјави дека ја поддржува идејата.
Двете најголеми банки што работат во Данска - Danske и Nordea - ја поддржуваат идејата, додека третата по големина Jyske чиниш е против.
