Даночниците на мета на револтиран граѓанин: фрлил ЖИВА пред канцелариите на УЈП!
Закана или обид за труење во Тетово? УЈП на мета на револтиран граѓанин!
Поголемо количество жива е истурена пред влезот на канцелариите на регионалната дирекција на УЈП во Тетово од засега непознат сторител, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Истурената течност ја забележала вработена во дирекцијата на УЈП откако изутрината пристигнала на работа.
„Веднаш откако местото беше обезбедено од полицијата, извршен е комплетен увид при што самото место беше фотодокументирано, а беа подигнати и примероци за вештачење од течноста. Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости околу тоа кој, зошто и со каква намера ја истурил непознатата течност“, велат од МВР.
Според доктор Ратко Давидоски од Центарот за јавно здравје живата е течен метал со голема токсичност во нашето природно опкружување што бара посебни мерки на претпазливост при нејзиното отстранување.
Во Тетово при неодамнешната акција беа затворени 20-тина објекти. Тетовската чаршија шпекулира дека акцијата е одмазда на револтиран граѓанин поради неодамнешните затворања на правни субјекти од страна на УЈП.
Слично
