Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даночни проблеми го натераа Штембергер да ја продаде Илирика на КД Фондови

Даночни проблеми го натераа Штембергер да ја продаде Илирика на КД Фондови

 

Илирика во сопственост на Игор Штембергер постигна договор за трансфер на инвестициските фондови со КД Фондови на Матјаз Гантар.

Илирика Друштвото за управување со фондови во моментов управува со 35 милиони евра во Словенија.

Игор Штембергер за финансикото списание Finance, изјави дека инвестициски фондови се продаваат за решавање на неговиот личен даночен долг од 2,7 милиони евра од словенечката Управа за јавни приходи.

Цената на  трансакцијата не е објавена. На крајот на февруари КД Фондови во Словенија имале во управување 574 милиони евра средства. По спојувањето, според одредени проценки износот на управување се зголемил на околу 610 милиони евра.

Трансферот мора да биде одобрен од страна на словенечката Агенција за регулирање на пазар на хартии од вредност, а таквата постапка по правило трае од два до три месеци. Се поставува прашањето дали Илирика ќе го задржи своето работење со акции и инвестициски фондови во Хрватска, Србија и Македонија ?.

Слично

Поврзани вести