Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даночна службеничка од УЈП претепана во Куманово

Даночна службеничка од УЈП претепана во Куманово
Даночна службеничка  која работела како самостоен даночен референт од Даночно одделение во Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник. Службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. -          Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности, велат од УЈП. Од страна на УЈП случајот бил пријавен во СВР Куманово.
Слично

Поврзани вести