ДАНИЛО И МИЛИЦА ВУЧИЌ СЕ ПРОСТИЈА ОД НИВНАТА МАЈКА КСЕНИЈА: Кралице наша, нека те чуваат ангелите, ти благодариме за силата што ни ја даваше
Данило и Милица,
двете деца на Ксенија со емотивни пораки се збогуваа од нивната прерано
почината мајка.
- Кралице наша, ти благодариме за вистинскиот пат што ни го покажа, како и за сета љубов што ни ја подари. Нека те чуваат ангелите. Најмногу те сакаат твоите Данило и Милица - стои во некрологот.
- Мила мајко, те сакаат и секогаш ќе те сакаат твоите Данило и Милица. Ти благодариме за сета љубов и сила што ни ја даде, твоите Данило, Милица и Александар, напишаа тие.
Починатата новинарка Ксенија Вучиќ, е првата сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, која ненадејно почина на 29 јануари, на 56-годишна возраст.
Слично
