Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниелсон во Македонија со проста порака до лидерите

Даниелсон во Македонија со проста порака до лидерите

Ист став од меѓународната заедница денеска во земјава ќе пренесе Кристијан Даниелсон .

Директорот на директоратот за проширување на Европската комисија ќе оствари среди со лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино при што од ракав на маса ќе им ја пласира пораката од ЕУ, дека се бара одговорност од земјите аспирантки за членство во ЕУ и волја од македонска страна за да се одржи таа перспектива.

 Најверојатно е дека Даниелсон синоќа се сретнал со опозицискиот лидер Зоран Заев а претпладневно пак со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

За денеска се најавени средби на функционерот од ЕК со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Повеќе од вероајтно е дека во фокусот на средбата ќе биде полтичката криза која се повеќе се продлабочува.

Даниелсон во април им порача на лидерите сите заедно да работат за веродостојни избори, но засега ништо од тоа.

 „ЕК инсистира на политички дијалог и реформи особено во делот на владеење на правото да се спроведуваат пред, за време и после изборите. ЕК останува отворена за да ја поддржува земјава на враќање на патот кон ЕУ“ – рече Даниелсон со барање сите да се воздржат од нападите врз Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести