Даниелсон:Сите партии и институции да работат заедно за веродостојни избори
Остануваат уште многу работи да се направат за веродостојни избори, рече директорот на Директоратот за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.
Тој вели дека партиите не смејат да ги заплашуваат гласачите, а институциите ваквото однесување треба да го санкционираат.
„Затоа ги повикувам сите партии и државни институции да работат заедно, со цел да се обезбедат веродостојни избори и да учествуват во изборите “– рече Даниелсон.
Toj изјави дека медиумите имаат клучна улога во изборите, за да може граѓаните да дојдат до балансирани информации. Според него, се забележуваат дека во оваа сфера има минимално подобрување. Го поздрави фактот што канцеларијата на ОБСЕ ја отвори мисијата за набљудување на изборите, но рече дека дека и меѓународната заедница ќе следи што се случува и нема да се двоуми да реагира ако нешто не е во ред.
„ЕК инсистира на политички дијалог и реформи особено во делот на владеење на правото да се спроведуваат пред, за време и после изборите. ЕК останува отворена за да ја поддржува земјава на враќање на патот кон ЕУ“ – додава Даниелсон.
Побара сите да се воздржат од нападите врз Специјалното јавно обвинителство.
