Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниела Арсовска ќе биде нов претседател на Сојузот на Стопански Комори?

Даниела Арсовска ќе биде нов претседател на Сојузот на Стопански Комори?
Даниела Арсовска член на Управниот одбор и  претседател на Услужна  комора при Сојузот на Стопански комори најверојатно ќе биде идниот претседател на оваа бизнис асоцијација која ги застапува интересите  на малите и средни компании, дознава Фактор. Покрај Арсовска, своја канидатура поднесе и Мирче Чекреџи  доскорешен заменик претседател на Сојузот на Стопански комори, но поддршката за Арсовска, засега се оценува како поголема. Зад неа застанал  и досегашниот претседател  Златко Калеников, а  лобирале и луѓе блиски до власта. Даниела Арсовска  е генерален менаџер на Ројал Груп, компанија членка на ССК од основањето на комората. Иако во јавноста се погласно се зборуваше дека  бизнисменот Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при СКМ ќе биде наследникот на Калеников, тој според неофицијални информации  во последен момент одлучил да не се кандидира.  Амбиците и третпат да застане  на чело на Сојузот на стопански комори  во изминатиот период не ги криеше и основачот на Логин Системи  Венко  Глигоров  кој е инаку и  член на УО. Сепак Глигоров одлучил  да застане зад номинацијата на Мирче  Чекреџи. Задутре на годишната седница на собранието и официјално ќе се знае кој ќе наследникот на Калеников. Дали за првпат со оваа бизнис асоцијација која пред ќе раководи жена бизнисменка,  Даниела Арсовска, или сепак  членките ќе  решат да му ја дадат довербата на поискусниот и далеку по познатиот во бизнис круговите  Мирче Чекреџи. Никој засега официјалнo не сака да коментира каков ќе биде исходот од изборот на претседател на Сојузот на стопански комори. Во ноември минатата година Златко Калеников беше реизбран за претседател на Сојузот на стопански комори. Тогаш свои кандидатури поднесоа и Венко Глигоров, член на УО на Комората но и Сеад Кочан, претседателот на Градежната комора при ССК. Г.Ч.
Слично

Поврзани вести