Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниела Адемовска е нова директорка на Рамстор Македонија

Даниела Адемовска е нова директорка на Рамстор Македонија

Даниела Адемовска е новата директорка на Рамстор Македонија.

Оваа промена во менаџментот на Рамстор Македонија доаѓа откако компанија на бизнисменот Адемовски го купи Рамстор Македонија, а по повод примопредавањето на сопствеништвото денеска во хотелот DoubleTree by Hilton Скопје е најавено дека ќе се одржи пригодна свеченост, на која, според најавите, ќе присуствива и премиерот Зоран Заев.

Всушност, компанијата „Сити плаза холдинг“ на бизнисменот Ајдован Адемовски, го купи Рамстор Македонија.

Како што е објавено во Централниот регистар, Даниела Адемовска ќе биде управител - менаџер во компанијата, со неограничени овластувања во надворешниот и платниот промет, и доаѓа на местото на досегашниот управител Ајхан Узун.

А за денеска, како што соопштија од компанијата, треба да се одржи свеченост, на која друштвото „Сити плаза холдинг“ од Скопје, новиот сопственик на Рамстор Македонија, ќе се изврши свечено примопредавање на компанијата. 

„На настанот ќе биде презентирано новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос“ од Република Турција, како и новата инвестициска програма на Рамсторе Македонија“, известија од компанијата.

„На присутните на настанот ќе им се обрати премиерот на Република Северна Македонија, г-дин. Зоран Заев, а говорници на настанот ќе бидат Озгур Торт, главен извршен директор на групацијата „Мигрос“ и претседател на Форумот на потрошувачи CGF, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Р. Турција во Р.С. Македонија, Осман Арслан, претседател на Халк Банка во Р. Турција, како и Ајдован Адемоски, почесен конзул на Р. Турција во Р.С. Македонија и сопственик на „Сити плаза“, стои во известувањето.

Даниела Адемовска е сега менаџер и сопстеник на Капитол мол во Скопје. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести