Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниел Митов ja разгледува кризата во Македонија со претседателот Иванов

Даниел Митов ja разгледува кризата во Македонија со претседателот Иванов

Бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов се сретнал со претседателот Ѓорге Иванов во Скопје во рамките на дводневната посета на Македонија. Разговорот течеl во пријателска атмосфера.

Министерот Митов изразил загриженост од политичката криза во која се наоѓа земјава, и инсистирал на потребата од спроведување на реформи, кои ќе ја вратат Македонија "на патот на европската интеграција".

Од своја страна претседателот Иванов изразил подготвеност да ги користи сите свои уставни прерогативи за постигнување на трајно решение.

Митов ја потврдил поддршката на Бугарија за европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Соговорниците ја  истакнале потребата од потпишување на договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

Митов се сретна и со лидерите на двете најголеми албански партии во Македонија - Али Ахмети, претседател на ДУИ, и со Мендух Тачи, претседател на ДПА. Бугарскиот прв дипломат ја истакнал и пред двајцата значењето на етничката стабилност и изразил висока оценка за зрело политичка однесување, демонстрирано од албанската заедница во кризата.

Слично

Поврзани вести