Данела Арсовска: Владата прифати да разговара за проблемот со сметките за електрична енергија
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска пред медиумите рече дека добиле одговор од Владата дека ќе има средба со заедницата на општини на која ќе се разговара за проблемите со виоските сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи.
- Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека помеѓу денес и 24 март ќе ни испорача термин кога ќе може да се разговара, одговори Арсовска на новинарско прашање.
Таа додаде дека во моментов во најкритична состојба се малите општини.
- Најпогодени се најмалите општини. Доколку тие се нефункционални и граѓаните нема да ги добијат услугите, истакна скопската градоначалничка.
Додаде дека иако директорот на ЈСП, како што рече, се соочувасо бројни инструкции, до крајот на март ќе се реализира најавата за бесплатен превоз на пензионерите.
Арсовска нагласи дека ниту еден од роковите нема да биде пробиенво изградбата на мостот кој треба да ги поврзе Аеродром и Гази Баба.
