Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска: Секое законско решение кое е избрзано ќе има проблеми со имплементацијата

Данела Арсовска: Секое законско решение кое е избрзано ќе има проблеми со имплементацијата

Согласно препораките и анализите од Европската унија неопходна е широка дебата и консултација на сите засегнати страни при драфтирањето на примарната регулатива т.е при измени или изготвување нови законски решенија, вели  Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. 

Додава дека реформа на даноците без широка дебата не е погодна мерка во услови кога приватниот сектор по повеќегодишната политичка нестабилност бара начин да го одржи растот, а дополнително нема можност да даде конструктивни предлози како би се изготвило решение кое ќе може да се имплементира без последици.

„Брзи промени на закони без анализи и конструктивни јавни расправи, чија примена е најавена за 2019 година претставува дополнителна правна несигурност, бидејќи компаниите веќе ги имаат предвидено буџетите за следните години и овие промени може да резултираат со воздржување од нови проекти како и со даночна евазија бидејќи конкуренцијата од сивата економија е постојан притисок за опстојување на компаниите. Континуирано се апелира дека со регистрирање и оданочување на оние кои работат во сивата економија, ќе се постигне поголем ефект за допринос во буџетот, од планираното поединечно покачување на данок. Малите и средни претпријатија немаат значително зголемување во продуктивноста во изминатите години, а регистрирано е зголемување на трошоците, но сепак тие за најавените измени најмали замерки имаа на правично оданочување на високите плати.  Фокусот на реакциите најмногу е во останатите измени кои се најавени т.е даноците на каматите на штедните влогови, на хонорарите по основа на договор на дело, даноците на осигурувањето и на капиталните добивки, како дивидендите и трансакциите  при тргување со хартии од вредност и другите предвидени измени.“, вели таа.

Смета дека секое законско решение кое е избрзано и за кое не се презентирани квалитетно изготвени компаративна и импакт анализа, за кое не се консултирани засегнатите релевантни страни во изготвувањето за размена на мислења и конструктивни предлози,  ќе има проблеми во својата имплементација, а уште позначајно има потенцијал во креирање долгорочни негативни ефекти за стопанството, граѓаните и националната економија.

Слично

Поврзани вести