Дамовски од „Еднооки“ пуштен на слобода!
Еден од приведените во акцијата „Шпион“ е пуштен на слобода. Станува збор за Режисерот Борис Дамовски.
На распитот Дамовски во полиција бил испрашуван за врските со луѓето кои се приведени. За НОВА Дамовски изјавил дека со него коректно е постапувано.
Станува збор за 17 луѓе, меѓу кои Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, како и припадник на цивилната служба на АРМ, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси.
Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.
Според полицијата, три лица се во бегство, а двајца во затвор.
„Освен оддавањето на овие класифицирани информации, лицата имале контакти и со поранешни високи функционери, односно политичари од врвот, така што им оддавале информации коишто се однесувале на општата безбедносна, но и политичка состојба во Република Македонија“, вели Котевски.
Полицијата при претресот пронашла голем број компјутери, лап-топи, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови.
Во акцијата „Шпион“ на која МВР работела две години, а се товарат за кривични дела шпионажа, уцена и измама.
Слично
