Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛМАЦИЈА ГОРИ, ОГНЕНАТА СТИХИЈА ЈА ГАСНАТ И СО КАНАДЕРИ: Пожарникарите се борат да ги спасат куќите

ДАЛМАЦИЈА ГОРИ, ОГНЕНАТА СТИХИЈА ЈА ГАСНАТ И СО КАНАДЕРИ: Пожарникарите се борат да ги спасат куќите

Голем пожар денеска околу пладне избувнал во Далмација во шибеничко-книнската жупанија. Силниот ветер го отежнува гаснењето, и покрај тоа што на терен се распоредени 56 пожарникари со 20 возила, а според информациите од Жупанискиот центар 112, во гаснењето на пожарот се вклучени и три канадери.

Според командантот на Јавната противпожарна бригада на Шибеник, Волимир Милошевиќ, пожарот ни приближно не е ставен под контрола или локализиран.

-Имаме објекти кои се во непосредна опасност, и таму се распоредени пожарникари. Струјата е исклучена. Полицијата на терен го регулира сообраќајот на дел од Јадранската магистрала и сите пристапни патишта се затворени“, изјави Милошевиќ за Хина.


Тој нагласи дека е побарана и помош од воздухопловните сили, а како што истакна, се бранат и куќите во Горњи Бановци.

- Пожарот се шири доста брзо, носен од силен ветер од јужен правец - изјави за Далмација Данас жупанскиот началник на противпожарната служба Дарко Дукиќ.

- Горат шума и ниски грмушки, но ова е веќе изгорена површина, па шумата не е густа - велат очевидци од теренот.


Слично

Поврзани вести