Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали „Железна завеса“ е решение за проблемот со мигрантите?

Дали „Железна завеса“ е решение за проблемот со мигрантите?
„Не очекувам  земјите од регионот да донесат одлука за затварање на границите. Владата во Белград не планира да подигне  ограда ниту да постави бодликава жица на граничните премини кон своите соседи“, вели за Фактор амбасадорката на Република Србија во Република Македонија  Душанка Дивјак Томиќ. Амбасадорката е убеднена дека Србија и Македонија не се крајна дестинација, туку само  транзитна зона  низ која минуваат мигрантите,  додавајќи дека  во наредните денови  би можело  земјите   постават построг режим на прилив  на мигрантите. Според неа, мигрантската  криза се усложнува, а со тоа и ситуацијата станува се покомплексна.  За Дивјак Томиќ,  неопходна е поголема  координација и размена на информации меѓу земјите од регионот со цел  да се неутрализираат евентуални обиди за нарушуавње на стабилноста.     Во наредните денови во Фактор ќе го објавиме целотпо интервју со амбасадоркта на Република Србија во Република Македонија Душанка Дивјак Томиќ.   Разговараше  Горазд Чомовски Фактор: Србија започна да ги враќа бегалците назад во Македонија, сите кои не се Сиријци, Ирачани или Авганистанци“. Крај на бегалската криза не е на повидок . Какви се Вашите согледувања,  ако се има во предвид фактот дека тензичноста на македонско српската граница не стивнува? [caption id="attachment_186950" align="alignright" width="368"]1b022937cdf6173682fa7da43824d5ff_XL Србија сигурно нема да подигне ограда ниту бодликава жиза на својата граница. Значи Србија ќе остане отворена за сите луѓе кои се во потрага по подобри услови за живот.[/caption] Дивјаќ-Томиќ: Ситуацијата на терен се  усложнува со самото тоа  што некои од државите кои се дел од т.н. балканска рута, а посебно оние  кои на некој начин се  крајна дестинација  на мигрантите го заострија режимот. Но засега не се  затвараат границите, туку се  воспоставува построга контрола  и пренасочување   на мигрантите на одредени пунктови. Во последните два дена,  Словенија, Австрија а сега и Хрватска  започна да прави селекција на мигрантите односно да ги враќања од своите територии луѓето  кои  не доаѓаат од  воените подрачја туку тргнале во потрага по подобри услови за живот . Токму затоа и Србија мора да се прилагоди на моменталната состојба. Ние  имаме крајно хуман однос кон бегалците чија крајна цел не е ниту Србија ниту Македонија. Србија не може да го понесе сиот тој товар  на справување  и вдомување на луѓето кои бегаат од  кризните жаришта. Но последните терористички напади во Париз ги  принудија  сите земји  да се фокусираат на безбедносниот аспект  обидувајќи се да спречат при влезот на  мигрантите да не  се инфилтираат и луѓе со екстремистички побуди. Токму затоа потребни се адекватни мерки за заштита  на своите граѓани.  Сепак , ние мораме да  правиме  разлика да се изедначуваат бегалците и терористите тоа би било штета, но ситуација не принудува да бидеме крајно претпазливи . Фактор: Колку е сериозен моментот  со напливот на бегалци  за евентуално носење на одлука да се затворат границите и дали со евентулнато подигнување на „железна завеса“  би се решил проблемот?  Дивјаќ-Томиќ:  Србија сигурно нема да подигне ограда ниту бодликава жиза  на својата граница. Значи Србија ќе остане отворена за  сите луѓе  кои се во потрага по подобри услови за живот. Ние сме подготвени да им излезеле  во пресрет  и да им помогне на мигрантите колку што можеме обезбедувајќи им храна  топла облека и се она што е  потребно за  привремено да се засолнат. Но Србија не може да биде колатерлна штета  и да го понесе сиот терет врз себе.  Јас не очекувам да дојде до затворање на  на гранизите, но  сигурно ќе има подигнување на режимот  на  прием на  на мигрантите. Фактор: Повиците за поголема контрола, особено по атентатите во Париз, се зголемија, особено откако се јавија индиции дека еден од осомничените атентатори се инфилтрирал меѓу бегалците кои минувале низ балканската рута. Дали    земјите од регинот би можеле да бидат мета на терористички напади ? Дивјаќ-Томиќ:   За жал тероризмот  е глобален проблем кој ги засега сите земји,  што значи дека никој не може да биде сигурен,  ниту некој може да се смета за безбеден кога станува збор за терористи . Самиот факт дека  имало  индиции дека еден   од осомничените атентатори се инфилтрирал меѓу бегалците  и поминал   низ регионот   укажува дека и Балканот  може да биде  мета  на терористите. Токму затоа потребен е сериозен пристап,  поголема координираност меѓу државните институции во нашето опкружување  .
Слично

Поврзани вести