Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали заврши голготата на самохраната мајка на две деца?!

Дали заврши голготата на самохраната мајка на две деца?!

Самохраната мајка Слаѓана Влајковиќ мораше јавно да проговори за проблемот за институциите да и ги отворат вратите.

Откако таа пред медиумите ја раскажа голготата за животот со невенчаниот сопруг и талкањето низ институциите,  Министерството за труд и социјална политика и понуди помош.

Ќе и обезбеди еднократна финансиска помош, но и социјална парична помош која од институциите не можеше да ја обезбеди бидејќи имала долг кон мобилните оператори.

Влајковиќ веќе има поднесено барање за да добива социјална помош секој месец. Надлежните велат постапката е во тек и таа наскоро ќе почне да го добива надоместокот од околу 4000 денари секој месец.

Привремено Слаѓана Влајковиќ и двете малолетни дечиња ќе престојуваат во конаците на бањанскиот манастир Св. Илија.

Отако ја видел веста, градоначалникот на Чучер Сандево се понуди да и помогне. Прво ќе добие привемено сместување во манастирот. Доколку прифати, ќе стане жител во оваа општина, ќе добие куќа и работа .

По објавената сторија за 24 годишната скопјанка ,  парична помош почна да пристигнува од многу граѓани.  Слаѓана е среќна  бидејќи нејзината голгота заврши и не мора да оди веќе  од врата на врата да се моли за помош.

Медиумите вчера ја објавија приказната за Влајковиќ, која заедно со двата сина остана на улица , бидејќи невенчаниот сопруг и татко на децата ја напуштил, а  нејзиното семејство не ја примало назад.

Од петокот , беше згрижена во просториите на детската амбасада Меѓаши.

Слично

Поврзани вести