Дали војската е машка професија?
Вклучување на жените во армијата може да го смени ставот за војската. Наместо како институција која се занимава со војување, почесто ќе се гледа како структура задолжена за изградба на мир и безбедност, изјави министерот Талат Џафери, кој присуствуваше на промоција на Студијата за положбата на жените во вооружените сили на земјите од Западен Балкан.
„Покрај фактот дека во оваа област е постигнат голем напредок, сепак, министерствата и воотужените сили се уште се соочуваат со низа предизвици на чие надминување ќе се посветиме во периодот кој ни претстои“, рече Џафери.
Студијата треба да помогне за разбивање на стереотипите дека воената професија е исклучително машка професија.
„Тоа се покажа како неточно, во 2012 година жените беа многу успешни во воените обуки. Тоа го покажува и фактот дека тие беа и во „топ 10“ лицата кои ги поминаа основните обуки“, истакна постојаниот претставник на УНДП во Македонија Алесандро Фрачасети.
Во Армијата на Македонија жените во копнената војска се застапени со 4,01 отсто, а со 4,89 проценти во воздухопловството и противвоздушна одбрана. Жените процентуално најмногу се застапени во другите служби во вооружените сили, како цивилни лица во воена служба, медицински персонал, административен персонал, воена полиција, резервисти со целесно работно време или пола работно време. Во овие категории во Македонија жените се застапени со 9,81 отсто.
Слично
