Дали во Турција има „паралелна држава”?
Во 1986 година турските власти протераа десетици кадети, осомничени за лојалност кон млад муслимански проповедник по име Фетхуллах Ѓулен, кој се смета за потенцијална закана за редот во земјата.
Триесет години потоа, на 15 јули 2016 година, офицери извршија обид за државен удар, а претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвини Ѓулен дека го диригирал.
Ѓулен, кој сега живее во Пенсилванија, негира дека е вмешан, но се повеќе информации го ставаат под сомнение неговиот умерен имиџ изграден од неговото исламистичко движење, кое служи како покритие за тајни планови.
Ѓулен, кој е поврзуван со исламскиот мистицизам, испраќа порака на толеранција, добротворни цели и турски патриотизам. Неговата група позната како Хизмет "служба" на турски, собира пари од донации од поединци и фирми. До почетокот на деведесеттите години движењето се проширува и во други земји со мрежа од училишта.
