Дали ВМРО-Народна е избришана од регистарот на политички партии?
ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски е избришана од регистарот на политички партии, објавија денеска дел од порталите, наведувајќи дека причина е неуспехот на партијата да собере 1.000 потписи и неподнесување на финансиски извештај.
Од партијата на Георгиевски ваквите информации ги демантираат. Велат дека ВМРО-Народна е уредно регистрирана, а за неподнесениот финансиски извештај за 2012 година упатуваат да се повика на одоговрност тогашниот претседател на партијата Марјан Додовски.
Според раководството на партијата, уште пред две години тие поднеле пријава против Додовски за неисполнувањето на оваа обврска, но таа пријава се уште не е процесуирана.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека ова е четврти неуспешен обид на владеачката партија да ја укине ВМРО-Народна партија и препорачиваме понатаму да не се обидува да си поигрува со чувствата на членството, симпатизерите и сите граѓани кои во нас го препознаваат вистинското ВМРО. ВМРО-Народна партија е уредно регистрирана според одредбите што произлегуваат од законот за политички партии на Република Македонија од што произлегува правото за дејствување како активен политички субјект на македонската политичка сцена“, стои во соопштението на ВМРО-НП.
Слично
